Најголемата ѕвезда на велшката репрезентација, Герет Бејл, пред денешниот дуел со Англија вели дека ќе се обидат да ги подобрат работите токму на овој последен меч во групата.
„Разочарани сме од резултатите и перформансите досега, но таков е фудбалот. Ова е Светско првенство и не е лесно“, рече Бејл на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Секогаш даваме 100 проценти и сакаме да се обидеме да ги подобриме работите. Последниве неколку дена работевме напорно и се надевам дека сега сè ќе се види. Добро сме расположени за следниот натпревар. Ова е турнирски фудбал и имаме шанса повторно да се бориме“, додаде тој.
Бејл досега го постигна единствениот гол за репрезентацијата на Катар 2022, од пенал против САД.