По бомбастичното заминување на највисокото раководство на Јувентус, по оставките на Ањели, Недвед и Паратичи, денеска за нов претседател на „Старата Дама“ е назначен Џанлука Фереро, сметководител и ревизор. Маурицио Сканавино ди Геди, пак, е назначен за нов генерален директор.
Фереро кој ќе биде новиот претседател, веќе бил консултант на компанијата, ревизор, член на одборот на директори и на комитетот на различни компании и се смета за идеален и најквалификуван профил за она што сега му треба на Јуве.
Јуве и неговите навивачи сега многу внимателно го следат развојот на буџетската истрага, пред очите на судиите, поради „маневрите со платите“ и капиталните добивки кои се сметаат за фиктивни. Сметките се во минус 253 милиони евра годинава, а по 209 милиони евра за претходните две години.

