Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), поради навредливиот транспарент и навреди кон голманот на Канада, Милан Борјан.
ФИФА објави дека обвиненијата против ХНС се однесуваат на однесувањето на хрватските навивачи и ги наведе правилата за дискриминација и безбедност на натпреварите.
Борјан, кој е член на Црвена звезда, е роден во Книн, а тој и неговото семејство го напуштиле родниот град во 1995 година по воената операција „Бура“.
ФИФА не одреди рок за донесување одлука, а ваквите случаи најчесто завршуваат со парична казна.