Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе би можел да го пропушти последниот натпревар на својата репрезентација од групната фаза на СП 2022. Избраниците на Дидие Дешамп денеска во 16 часот се соочуваат со Тунис, но стрелецот на три гола од почетокот на првенството е неизвесен за настап поради мала повреда.
Мбапе вчера тренираше со преврзан зглоб. Сепак, тој остана до крајот на сесијата и не покажа непријатност. Напаѓачот почувствува болка на мечот со Данска (2:1) и можно е Дешам денеска да му даде одмор, уште повеќе што Французите веќе обезбедија пласман во осминафиналето.
Тренерот на светските шампиони планира да направи неколку измени во составот. Ако Мбапе е здрав, ќе стартува од првата минута, а се очекува настап и на Кингсли Коман и Маркус Турам.
Резервниот голман Алфонс Ареола, кој имаше проблеми со грбот, вчера тренираше заедно со сите останати.