Репрезентативците на Уругвај денеска мора да победат против Гана за да ги задржат шансите за пласман во наредната рунда на фудбалскиот собир во Катар. Нивниот селектор, Диего Алонсо, вели дека светските шампиони од 1930 и 1950 година сами си ја решаваат судбината.
„ Треба да ја вратиме самодовербата со која игравме во минатото. Дури и на пријателските натпревари играме со ентузијазам и динамика и треба да го вратиме тој стил“ – рече Алонсо.
„Верувам во моите играчи. Имаме шанса да одиме понатаму и очекувам дека ќе ја искористиме“ – потенцира селекторот на Уругвај.