УЕФА отвори формална истрага против Јувентус поради потенцијални прекршувања на правилата за лиценцирање на клубови и финансискиот фер-плеј.
Обвинителите во Торино го истражуваат сметководството и сметките од финансиските пазари во последните три години.Тие ги проверуваат вредностите што им се припишуваат на трансферите на играчите меѓу клубовите и дали клубот навистина ги исплатил платите што ги објавил јавно за време на пандемијата „COVID-19“.
Во почетокот на годинава, Јувентус беше меѓу осумте клубови кои се договорија со УЕФА откако не ги исполнија финансиските услови за рентабилност од минатата сезона.