Кристијан Пулишиќ доби „зелено светло“ да се врати на теренот откако заработи повреда на средбата со против Иран. Напаѓачот на Челзи го постигна победничкиот гол за „јенките“ во вторникот пред да признае пред медиумите дека заработил повреда на карлицата.
Сепак, тој сега се опоравил, што значи дека би можел да настапи против Холандија во воведното осминафинале на Светското првенство во Катар.
САД имаат и други проблеми со повреди во пресрет на мечот со Холандија. Напаѓачот Џош Сарџент има повреда на зглобот што може да го исклучи од пресметката со „лалињата“.