Денеска дојде информација дека Германскиот фудбалски сојуз разгледува четворица кандидати за наследник на Бироф на функцијата генерален менаџер на германската репрезентација.
За позицијата во мометов конкурираат Матијас Самер, Лотар Матеус, Фреди Бобич, како и Ралф Рангник, кој претходно ја извршуваше позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед.
За време на ерата на Бироф, Германија стигна до полуфинале на шест последователни светски и европски првенства и ја освои титулата на Светскиот куп во 2014 година.