Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, по вчерашната елиминација од Мароко на Мундијалот во Катар, вели дека не размислува за оставка.
„Сега не е време да зборуваме за мојата иднина. Допрва ќе зборувам со претседателот. Засега не размислувам за тоа “ – вели Луис Енрике по пенал рулетот кој им припадна на Африканците.
„Одговорноста е моја бидејќи јас ги одбрав првите тројца изведувачи. Другите беа определени во договор со тимот но, немаа можност да шутираат“ – изјави Енрике.