Натпреварот кој се игра денес од 16 часот на стадионот „Едукејшн Сити“ во Ал Рајан ја отвора четвртфиналната фаза на Светското првенство.
Преставникот на Европа, Хрватска во досегашниот дел играше одлично и дојде како втора во групата со Мароко, Белгија и Канада, а во осминафиналето ја елиминира Јапонија на пенали. Бразил ја доби својата група во друштво на Камерун, Швајцарија и Србија, а потоа во првото коло од директните елиминации ја победија Јужна Кореја со 4:1.
Логично, Бразилците важат за фаворити на овој меч, бидејќи имаат најголеми шанси воопшто да ја освојат титулата. Најголемите ѕвезди на Бразил беа одморени во последниот натпревар во групата, а потоа немаа проблеми против Корејците, додека хрватските играчи веќе одиграа четири тешки натпревари и сигурно ќе бидат поуморни.
Во тимот на Хрватска под знак прашалник за настап се бековите Борна Соса (болест) и Јосип Станишиќ (повреда), додека Бразил до крај повеќе нема да се потпираат на Габриел Жесус и Алекс Телеш кои се повредени.
Хрватска и Бразил се сретнаа на Светското првенство пред осум години, а домаќините победија со 3:1. Потоа екипите се соочија во контролен меч во 2018 година, повторно освоена Бразил победи со 2:0.
Победникот од оваа средба во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот Холандија – Аргентина.