Аргентина стана вториот полуфиналист на Светското првенство во Катар, откако во четвртфиналната пресметка на двете селекции ја совлада Холандија на пенали.
Сепак, натпреварот беше доста нервозен и многу играчи од двата тима добија картони. Двајца од казнетите од судијата Антонио Матеу Лаос беа Маркос Акуња и Гонзало Монтиел. Ова е непријатна вест за играчите, но и за селекторот Лионел Скалони, кој нема да може да смета на нив во 1/2-финалето против Хрватска.
За двајцата играчи тоа беше втор жолт картон од стартот на турнирот, а значи и автоматска казна за следниот натпревар. Дури по 1/2-финалето се „чистат“ картоните на играчите и тие веќе не важат за финалето, каде што екипите кои ќе стигнат до таму ќе можат да сметаат на сите свои играчи.