Голманот на Баерн Минехен и репрезентацијата на Германија Мануел Нојер ја скршил ногата додека бил на одмор и поради тоа нема да може да настапува а својот тим до крајот на тековната сезона.
Ова е голем удар за Баерн Минхен, кој ќе остане без првата опција на голманската позиција. 36-годишниот голман имал инцидент за време на скијање, па ќе биде приморан на долга пауза.
„Што да кажам, крајот на годината дефинитивно можеше да помине подобро за мене. Додека бев на одмор, ја скршив потколеницата. Вчерашната операција помина многу добро. Голема благодарност до лекарскиот тим! Боли бидејќи знам дека актуелната сезона е завршена за мене“, напиша Нојер на социјалните мрежи.
Претходно Нојер имаше повреда на рамото и непосредно пред Светското првенство се врати на теренот, па затоа одигра само 16 натпревари за својот клуб во 2022 година.