Фудбалерот, Оливие Жиру, кој вчера го постигна победничкиот гол против Англија и ја однесе Франција во полу-финалето на Мундијалот во Катар, вели дека неговата селекција одиграла одличен натпревар.
„Чувството е фантастично. Победивме одлична селекција која има голем потенцијал“ – вели голгетерот на „триколорите“.
„Одигравме добро во одбраната а кога беше потребно ги искористивме нашите шанси“ – потенцираше Жиру по вчерашната победа против „Гордиот Албион“.