Францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува на полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Мароко на Светското првенство во фудбал во Доха во среда.
„Во среда одам во Катар со претседателот, а деталите за патувањето ќе ги соопштиме подоцна“, изјави француската министерка за спорт, Амели Оудеа – Кастер, која присуствуваше и на четвртфиналниот натпревар меѓу Франција и Англија во саботата.
Пред почетокот на Светското првенство, Макрон вети дека ќе биде во Катар доколку француската репрезентација стигне до полуфиналето или финалето.