Според проценките на аргентинската амбасада во Катар, меѓу 35 и 40 илјади Аргентинци планираат да дојдат на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Хрватска, пишува „Франс прес“.
Станува збор за најголемиот контингент на навивачи, кои пристигнуваат од Аргентина во Катар. Аргентина има поддршка и од илјадници Индијци кои работат во Катар, кои традиционално, од сосема непознати причини, навиваат за Аргентина.
„Да ги искористиме овие моменти со луѓето кои се тука и во Аргентина, каде сите се еуфорични“, изјави Лионел Меси.