Челниците на Фирентина ја одредија цената за Софиан Амрабат кој е еден од најдобрите фудбалери на Мароко во досегашниот дел од Светското првенство во Катар.
Според италијанските медиуми, „виолетовите“ во наредното лето ќе го стават Мароконецот на трансфер листата и ќе бараат најмалку 40 милиони евра.
Фиорентина го купи Амрабат од Верона за 20 милиони. Според одредени шпекулации за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ливерпул.