Фудбалерот, Амин Арит, кој поради повреда отпадна од селекцијата на Мароко непосредно пред Мундијалот во Катар, денеска пристигна во Доха за да им даде поддршка на неговите соиграчи пред мечот со Франција во рамките на осмина-финалето.
25-годишниот играч од средниот ред на Олимпик Марсеј, доживеа повреда на коленото во ноември на само неколку денови пред почетокот на групната фаза на Светското првенство.
Арит беше пречекан од сите во експедицијата на Мароканците.