Алф Инге таткото на Ерлинг Халанд, вели дека корпулентниот фудбалер на Манчестер Сити може да остане во клубот 15 години но, не е исклучена и можноста да направи трансфер во догледно време.
„Ерлинг сака да докаже дека може да триумфира во која било врвна лига. Тој помина две и половина години во Германија. Може да играте три години во Премиер лигата и потоа да се преселите во Италија, Шпанија или Франција. Ерлинг може да игра за секој тим“ -порача Халанд сениор.
Норвешкиот репрезентативец има договор со „граѓаните“ до 2027 година.