Играчот од средниот ред на хрватската репрезентација Матео Ковачиќ го коментираше поразот во 1/2 финалето на СП 2022 со Аргентина (0:3).
„Тешко ми е да коментирам за ова. Не знам што да кажам. Направивме се што можевме. Да бевме најдобриот тим ќе се пласиравме во финалето. Но сега ќе се бориме за третото место. Два моменти ми беа апсолутно неразбирливи – прво судиската одлука да не досуди корнер, а потоа пенал пред нашиот гол. Никогаш не сум ја коментирал работата на судиите, но тоа се кардинални грешки кои не чинат многу. Знаевме дека Аргентинците ќе бидат агресивни, дека се добри и дека го имаат Меси. Беше феноменален, навистина може да му се честита. Сепак, се боревме, но ни беше досуден тој смешен пенал. Сега треба да се собереме и да се бориме за третото место со обновена енергија“, изјави Матео Ковачиќ за „Спортске Новости“.