Полицијата во Франција се подготвува за инциденти по денешното полуфинале на Мундијалот против Мароко. Голем број инциденти следеа по победата на Мароко во четвртфиналето над Португалија (1:0) минатата недела, а ништо поразлично нема да биде и вечерва, пишуваат француските медиуми.
Околу 10.000 униформирани службеници ќе бидат мобилизирани низ целата земја, со 5.000 распоредени во регионот Ил-де-Франс околу Париз и околу 2.200 во самиот главен град, двојно повеќе од бројот на полицајци обезбедени од властите за претходните клучни натпревари на Светското првенство.