Мароканскиот селектор Валид Реграги по синоќешниот пораз од Франција во полуфиналето на СП во Катар, вели дека неговите играчи го дале својот максимум.
„Изгубивме премногу важни играчи. Во вториот дел напаѓавме, одигравме многу подобро. Најважно е што оставивме добар впечаток. За да ја освоиме титулата светски првак треба уште да работиме, но не сме далеку“, вели тој.