Повеќе од 250 марокански навивачи се приведени во Брисел поради нереди по поразот на нивната репрезентација во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување пиротехника. Немири имало и во неколку градови во Франција.
Едно момче, пак, загина во францускиот град Монпеље во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по мечот. Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната власт се вели дека момчето било „насилно удрено“ од автомобил за време на конфликтот. Тој бил префрлен во болница, но набргу по пристигнувањето починал.