Мароканските медиуми пренесоа дека кралот го исконтактирал селекторот Валид Реграги по поразот од Франција за да му покаже колку е горд на тоа што го постигнале неговите фудбалери.
Кралот Мухамед шести лично му се јавил на Реграги за да му честита за историскиот успех во Катар .
Мароко стана првата селекција од „црниот континент“ која се пласирала во полу-финале на еден фудбалски мундијал.