Селекторот на фудбалерите на Холандија, Луј ван Гал, негира дека го навредил Лео Меси по мечот со Аргентина на Мундијалот во Катар.
Средбата изобилуваше со тензија и инциденти меѓу играчите а таквата слика се повтори и надвот од теренот.
„Никогаш не сум го критикувал Меси. Единственото што го кажав беше дека во 2014 година успеавме да го изолираме од играта и не дозволивме да добие топка. Аргентинските медиуми ги пренесоа зборовите на погрешен начин“ – вели холандскиот селектор.