Хрватската фудбалска репрезентација го освои третото место на Светското првенство откако во Доха го совлада Мароко. Селекторот Златко Далиќ по мечот даде изјава за уште еден историски успех за хрватскиот фудбал.
„Ова е бронза со златен сјај. Победивме во тежок натпревар, но мислам дека одигравме одлично. Ова е медал за Хрватска, за целиот хрватски народ. За сите оние кои не сакаат во регионот и светот. Навистина одлично, освоивме два медали на две првенства, големи честитки за моите играчи. Би сакал да ја посветам оваа победа на еден човек кој го започна сето тоа, а тоа е Мирослав Чиро Блажевиќ. Шефе, ова е за тебе, ова е твојот медал, јас можам да освојам пет медали, но ти си тренер на сите тренери“, изјави Далиќ.