Селекторот на Франција, Дидие Дешамп пред финалето на Светското првенство против Аргентина повторно беше прашан за Карим Бензема и шпекулциите околу неговото враќање во селекцијата токму за финалниот меч.
Иако не го кажа тоа директно, од зборовите на Дешам се гледа дека нема можност напаѓачот на Реал утре да биде дел од тимот за финалето.
„Ако не ти одговорам, ќе речеш дека сум лут. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лукас Ернандез. Оттогаш имам 24 играчи. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација е на 24-члениот состав што го имам и тоа ќе бидат играчите кои се на располагање за утре“, изјави Дешамп.