Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграги, се обиде да ги оправда реакциите на неговите избраници по вчерашниот пораз од Хрватска во мечот за третото место на Мундијалот во Катар.
Африканските фудбалери го опколија главниот судија незадоволни од арбитражата а подоцна во тунелот Хакими упатил вулгарни зборови кон претседателот на ФИФА, Инфантино.
„Понекогаш претерано реагираме кога натпреварот ќе заврши. Моите играчи се амбициозни но, тоа не е недостаток на почит” – вели селекторот на африканскиот состав.