Екипите на Аргентина и Франција одиграа финале кое ќе остане во историјата со уште еден факт откако една од двете екипи направи вкупно 7 замени.
ФИФА дозволува 5 замени на натпревар плус уште една доколку има продолженија. Сепак, фудбалската централа неодамна дозволи од медицински причини уште една кога фудбалер ќе добие удар во главата и постои ризик од потрес на мозокот.
Токму тоа се случи во 96. минута од првото продолжение кога слична повреда заработи Адриен Рабиот а Дешамп ја направи и седмата замена.