Манчестер Сити и Ливерпул вчера одиграа фантастичен натпревар на „Итихад“ на кој видовме пет погодоци и многу шанси на двете страни. Поранешниот играч Џејми Карагер не крие дека е задоволен од прикажаното на двата тима.
„Беше брилијанто, вистински фудбал. Ниту еден метар од теренот не беше слободен. Сити во добар дел беше подобар тим но, честитки и за Ливерпул“ – вели Карагер.
„Клупскиот фудбал е едноставно на друго ниво во споредба со репрезентативниот фудбал. Квалитетот не може да се спореди“ – вели Карагер.