Адвокат од Оман е подготвен да издвои милион евра за проѕирната традиционална арапска мантија, бишта, во која најдобриот фудбалер на последното Светско првенство, Лионел Меси, го крена пехарот на светскиот шампионат во Катар.
„Мој пријателу Меси, честитки за победата. Ти нудам еден милион евра за биштата“, напиша Ахмед Ал Барвани на својот Твитер профил.
Како што нагласи адвокатот во интервју за оманскиот медиум The National, биштата, која обично ја носат само членовите на кралското семејство, достоинствениците или се користи во свечени прилики, заслужува посебно место во историјата на арапскиот свет.