Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испрата понуда за фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен.
23-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 14 мечеви со ефект од 10 голови и три асистенции. Неговата вредност е околу 70 милиони евра.
Нигерискиот голгетер се претвори во значајна фигура во тимот кој се бори за шампионската титула во Серија „А“. Наполи по 15 кола е лидер на табелата со 41 бод пред Милан кој има 33.