Крилниот напаѓач на Астон Вила , Филипе Кутињо ќе се врати во родниот Бразил, откако не успеа да ја продолжи соработката со Астон Вила.
Според шпанскиот „Sport.es“, фудбалерот сака да се пресели во Сао Паоло за да се приклучи на локалниот Коринтијанс.
Кутињо е во Астон Вила од јануари 2022 година. Првите шест месеци Бразилецот играше за клубот на позајмица, а летото беше целосно префрлен од Барселона за 20 милиони евра. Играчот може да се пресели во Коринтијанс на позајмица оваа зима, бидејќи тренерот на Астон Вила, Унаи Емери не смета на играчот.
Една од главните причини зошто Кутињо ќе се врати во татковината е незадоволителната статистика во текот на оваа сезона. За 13 натпревари од англиската Премиер лига, Филипе нема ниту една ефективна акција.