Бразилскиот играч за врска, Андреј Сантос, денеска ќе пристигне во Лондон за да ги направи задолжителните медицински прегледи и да потпише за екипата на Челзи.
„Сините“ за ангажманот на 18-годишниот талент му платија на Васко де Гама сума од 12, 5 милиони евра. Вчера англискиот клуб потврди дека му платил на Молде 12 милиони евра за трансферот на Давид Фофана.
20-годишниот играч од Брег Слонова Коска треба да пристигне во Англија на 1 јануари во 2023.