Поранешниот играч за врска на Севиља, Иско е на мета на градските ривали Лацио и Рома. Двата римски клуба се подготвени да го ангажираат 30-годишниот фудбалер, пренесува „Газета дело Спорт“.
Сепак, интерес за Иско има и од Салернитана, Вулверхемптон и американскиот Лос Анџелес Галакси.
На 21 декември, Шпанецот го раскина договорот со Севиља, иако му се приклучи на клубот во август. За клубот од Андалузија одигра 19 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол и 3 асистенции.