Играчот од средниот ред на Бенфика и аргентинска репрезентација Енцо Фернандез може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Лондонски Челзи е заинтересиран за услугите на 21-годишниот фудбалер, информира новинарот Џанлука Ди Марцио.
Според истот извор, преговорите меѓу лондончани и Бенфика за Фернандез се во напредна фаза. Челзи ќе плати 127 милиони евра за младата аргентинска ѕвезда. Евентуален трансфер на Енцо Фернандез ќе има важна улога за управата на Челзи во преговорите за продолжување на договорите со сегашните играчи од средниот ред на тимот.
Да потсетиме дека Фернандез беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар 2022 година. На седум натпревари на турнирот, Енцо постигна еден гол за репрезентацијата на Аргентина и една асистенција. Претходно беше објавено и за интерес за играчот од Реал Мадрид и Ливерпул.