Избраниците на тренерот Карло Анчелоти го победија Касерено (1:0) тим од четвртата лига во натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Шпанија. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше бразилското крило Родриго.
Така мадридскиот клуб ја прекина серијата од пет натпревари со примени голови во ова натпреварување. Реал Мадрид ја совлада Сарагоса со 4:0 во јануари 2020 година. Тогаш шпанскиот клуб за последен пат не прими гол во натпревар од Купот на Шпанија.
Клубот од Мадрид е втор на табелата во Ла Лига со 38 бодови. Прва е Барселона, а Реал Мадрид следниот меч го играат на гости кај Виљареал на 7 јануари.