32-годишниот холандски репрезентативец Дејли Блинд е блиску до изненадувачка преселба во Баерн Минхен.
Холандскиот весник „Телеграф“ денеска пишува дека Блинд е веќе договорен со Баерн (М), само останува да се финализираат некои детали од соработката и тоа треба да се случи денеска или најдоцна викендов.
По Мундијалот, германскиот шампион бара алтернатива на позицијата лев бек, затоа што Лукас Ернандез беше сериозно повреден и се очекува да биде надвор од теренот долго време. Блинд кој изненадувачки доби раскин на договорот со Ајакс кон крајот на минатата година, како слободен играч се сели на „Алијанц Арена“.