Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси нема да игра за својот тим во 1/32 финалето од Купот на Франција со Шатору.
„Тој имаше фантастично Светско првенство. Имаше одредени обврски, на прославата се врати во Аргентина. Сакавме да се опорави дома покрај семејството. Нема да игра Шатору. Разговаравме со него. Сакаме да се подготви за следниот натпревар (против Анже во Лига 1)“, беа зборовите на тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие за Ројтерс.
Покрај враќањето на Меси од одмор, за ПСЖ во Купот на Франција нема да играат ниту напаѓачите Килијан Мбапе и Нејмар, дефанзивецот Ашраф Хакими и играчот од средниот ред Марко Верати.
Мбапе и Хакими добија дополнителен одмор за да се опорават од Мундијалот, Нејмар доби пауза поради повреда на СП, а Верати ќе го пропушти натпреварот поради суспензија. Натпреварот на ПСЖ против Шатору ќе се одигра денеска, 6 јануари. Почетокот е во 21:00 часот.