Францускиот напаѓач од Борусија Менхенгладбах Маркус Турам би можел да премине во лондонски Челзи, ова го пренесува „Footmercato“.
Според изворот, раководството на Челзи планира сериозни финансиски инјекции за засилување на составот на тимот за продолжението на сезоната. Турам, еден од најдобрите стрелци во германската Бундес лига со 10 голови,а тоа го направи да биде една од трансферните цели на лондончани.
Договорот на 25-годишниот Французин со Борусија истекува на крајот од актуелната сезона. Не е познато дали тој ќе ја продолжи кариерата во германскиот тим или ќе избере да се пресели во нов клуб во зимскиот преоден рок. Претходно беше објавено за интерес за напаѓачот од ПСЖ, Баерн Минхен, Интер и Манчестер Јунајтед.