Луѓето од Барселона започнале преговори со францускиот фудбалер Бенџамин Павард кој во текот на летото веројатно ќе си замине од редовите на Баерн Минхен, најавија денеска дел од медиумите на Пиринеите.
Тој досега ги носеше дресовите на Лил, Штутгарт и Баерн Минхен а за француската репрезентација има одиграно 47 мечеви и постигнато два гола.
Павар беше дел од селекцијата на „галските петли“ што го освои Мундијалот во 2018 година.