Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид му нуди на Марко Асенсио нов договор за помала плата
    Фудбал

    Реал Мадрид му нуди на Марко Асенсио нов договор за помала плата

    risteBy riste10/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид е подготвен да го задржи Марко Асенсио во својот тим и следната сезона. Договорот на играчот истекува на лето, но клубот е подготвен да му понуди нов. Сепак, тоа ќе биде на многу пониски финансиски параметри од оние што ги добива играчот од средниот ред во моментов, пишуваат медиумите од Шпанија.

    Асенсио мора да процени дали таквата понуда му одговара. Во оваа фаза тој и неговиот агент Жорже Мендеш не брзаат да ја прифатат понудата на Реал Мадрид и сакаат да ги разгледаат сите можни опции. Исто така, можно е Асенсио да ја прифати понудата на Реал и да продолжи да игра на „Бернабеу“, по примерот на Серхи Роберто, кој на сличен начин прифати помала плата за да остане во Барселона.

    Од друга страна, пак, Асенсио не е особено задоволен од неколкуте минути игра што ги добива и се чини дека тешко ќе се избори со конкуренцијата на Родриго и Феде Валверде за место на десното крило од нападот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.