Шпанските медиуми денеска објавија информација дека Диего Симеоне по завршувањеѕто на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Атлетико сезонава одигра очајно во Лигата на шампионите и го зазеде последното место во групата со Порто, Клуб Бриж и Баер Леверкузен, а во шпанското првенство е на петтото место со дури 14 бода помалку од лидерот Барселона.
Диего Симеоне е на клупата на Атлетико Мадрид од 2011 година откако претходно го носеше дресот на оваа екипа. Во 2014 година на мадридскиот клуб му ја донесе титулата шампион на Шпанија, прва од 1996 година. Седум години подоцна, Симеоне и Атлетико повторно беа шпански шампиони.
Со клубот од Мадрид, Аргентинецот освои две титули во Лига Европа, два Суперкупа на Европа, Купот на Кралот и двапати играше во финалето на Лигата на шампионите. За негов наследник се шпекулира името на поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике.