Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше напредокот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед во пресрет на викенд дербито.
„Секогаш кога сум се соочил со нив ми било тешко. Тоа што се случуваше во претходните сезони е нивни проблем. Нормално е Манчестер Јунајтед да биде на таа позиција, четири бода зад нас“ – потенцира Гвардиола.
„Секое дерби е значајно. Има уште многу до крајот на првенството“ – нагласи тренерот на „граѓаните“.