Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, даде изјава во која ги осудува зборовите на поранешното раководство на каталонскиот клуб во протечената кореспонденција, во која се откриени навреди кон поранешните играчи на Каталонците, вклучувајќи го и аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, кој беше наречен „канализациски стаорец“. Навреди имаше и за дефанзивецот Жерар Пике и играчот од средниот ред Серхио Бускетс .
„Овие зборови покажаа огромно непочитување кон луѓето како Меси кои му дадоа толку многу на клубот, тие изразуваат непочитување кон самата Барселона. Целосно ги осудувам овие зборови, кои укажуваат дека луѓето кои претходно го водеа тимот не го сакаа како што треба да се сака ваков гигант“, изјавил потпретседателот на Барселона.