Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во пресрет на финалето со барса во Суперкупот на Шпанија ја посочи одбраната како најголем проблем за „кралевите“. Во недела од 20 часот се игра долгоочекуваниот натпревар во Саудиска Арабија.
„Одбраната е нашиот најголем проблем и за тоа сме разговарале повеќе од еднаш. Примивме гол од Валенсија поради грешка на двајцата централни дефанзивци (Антонио Рудигер и Едер Милитао) и тоа е недозволиво. Одделно поради повреда нема да игра Лукас Васкез, но Милитао ќе тренира без проблеми. Модриќ и Крос добро се опоравија по претходниот меч“, прокоментира Анчелоти.
„Чави рече дека не му се допаѓа тревата на теренот? Не се согласувам, за мене теренот е добар. Сите трофеи се важни за овој клуб и утрешниот натпревар е многу важен. Многу сме мотивирани како и секогаш“, потврди тренерот на Реал.