Барселона ќе го пушти фудбалерот, Мемфис Депај во Атлетико Мадрид ,доколку добие 7 милиони евра или во спротивна насока замине Јаник Фереира Караско.
Второто тешко дека ќе се случи бидејќи Белгиецот е еден од омилените фудбалери на тренерот, Диего Симеоне. Во изјава за белгискиот медиум – „DH les Sports +“, агентот на Караско – Пини Захави, уверува дека преговорите се започнати и дека неговиот клиент има голема желба да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“.
„Се уште нема ништо конкретно и не знам дали целата работа ќе се финализира“ – изјави Захави.