Барселона синоќа го објави потписот на Лукас Роман, 18-годишен аргентински напаѓач од Феро Карил Оесте, кој во прво време ќе настапува за младинскиот тим на Барселона, чиј тренер е Рафа Маркез.
Барса на својата официјална веб-страница објави дека „Барселона и Феро Карил Оесте постигнале договор за трансфер на аргентинскиот играч, кој потпишува до 30 јуни 2026 година со клаузула за предвремен раскин од 400 милиони евра“.
Весникот „Оле“ објавува дека „операцијата“ е завршена за 1,1 милиони евра, плус 3,5 милиони за идни остварувања на младиот фудбалер.