Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по денешната сигруна победа против Енцо Куко на Отвореното првенство на Австралија, вели дека има сериозни проблеми со повредата која го мачи извесен период.
„Да бидам искрен, не е добро. Сега е до Бога, физиотерапевтите и сите други да ми помогнат“ изјави Ѓоковиќ за „Евроспорт“.
Тој во третото коло на првиот годинашен Грен Слем ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија.