Лидерот во англиската Премиер лига – Арсенал и официјално го потврди потписот на белгискиот крилен напаѓач Леандро Тросар од Брајтон за сума од околу 27 милиони фунти, вклучувајќи бонуси.
Менаџерот на „топчиите“ Микел Артета сакаше да го ангажира Тросар откако Челзи ги надмудри „топчиите“ за украинското крило Михаило Мудрик.
Се очекуваше белгискиот интернационалец да го напушти стадионот „Амекс“ по расправијата со менаџерот Роберто Де Зерби.
Сепак, тој нема да му биде на располагање на Артета за дуелот со Манчестер Јунајтед овој викенд, но следниот петок би можел да дебитира против Манчестер Сити во ФА Купот.