Македонските ракометари го претрпеа првиот пораз во групата во „Прeзидент Купот“ на Мундијалот со Полска и Шведска.
Тие денеска загубија од селекцијата на Тунис со 33 спрема 28 откако кон средината на вториот дел влеговме во серија на грешки а противникот отиде на плус 4 . До крајот, африканците успеаја да ја задржат предноста и да си го обезбедат првото место во групата. Најефикасни во нашите редови беа Кузмановски и Манасков со по седум голови додека кај победничкииот тим се издвои Дармул со осум.
Во последното коло в понеделник ние ќе играме со Мароко од 18.00 часот додека Тунис ќе оди на мегдан со Алжир.